Романија ја погоди силен земјотрес
Романија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, објави Романскиот национален институт за истражување и развој на физиката на Земјата (INCDFP).

Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на 76 километри од градот Брашов.
Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.
Од почетокот на декември, во Романија се регистрирани 12 земјотреси посилни од два степени според Рихтеровата скала, додека најсилниот земјотрес од почетокот на годината имал јачина од 4,4 степени






