Италијанската е прва национална кујна во светот почестена од УНЕСКО

Италијанската кујна конечно го доби признанието по кое копнееше со години – официјално е вклучена на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство. Ова ја прави првата национална кујна во светот на која УНЕСКО ѝ додели таков статус.

 

УНЕСКО, по препорака на експертските тела во ноември, ја прифати заедничката иницијатива на италијанското Министерство за култура и Министерството за земјоделство и одлучи да ја вклучи италијанската гастрономска традиција меѓу заштитените културни добра на човештвото. Одлуката неодамна ја потврди премиерката Џорџија Мелони, истакнувајќи ја важноста на овој момент за Италија.

Мелони нагласи дека ова признание е потврда за италијанскиот идентитет: „Ние сме првите во светот на кои им е доделена оваа чест, која оддава почит на тоа кои сме. За нас Италијанците, кујната не е само храна или збир на рецепти – таа претставува култура, традиција, работа и богатство.“ Новиот статус треба дополнително да придонесе за зачувување на автентичната италијанска гастрономија и заштита од имитации.

Повеќе

Back to top button
Close