ЦУК потврди: Мал авион се урна во Мавровското езеро, едно лице повредено
Мал авион се урнал во Мавровското Езеро, соопшти Центарот за управување со кризи.
Засега нема многу детали освен дека во авионот авионот имало две лица, од кои едното е повредено.
-Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи за итна интервенција, велат од ЦУК.






