Орце Ѓорѓиевски се прогласи ненадлежен за забрана на огномет за празнициве

На последната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја отфрли иницијативата на Зелен хуман град (ЗХГ) за забрана на огномет на територија на градот велејќи дека Советот бил „ненадлежен“. ЗХГ вели дека тоа најомиленото образложение на функционерите во Македонија, државата во која никој не е надлежен за ништо. Споредбата за наводната ненадлежност Ѓорѓиевски ја доведе до апсурд со изјавата дека тоа било исто како Советот на Скопје да забранува абортус.

ЗХГ наведува дека Општина Кавадарци на почетокот на декември донесе одлука да ги слави празниците годинава без огномет

Иако во иницијативата доставена до Советот на Град Скопје беше експлицитно наведена надлежноста според Закон за Град Скопје во чијшто член 10 е прецизирана обврската што нашата локална самоуправа ја има да ги заштити водата, почвата, воздухот, да спречи нивно загадување, да спречи бучава, за градоначалникот таа надлежност не постои?!

Неговото образложение беше дека МВР спречувале неовластено користење огномети. МВР исто така се надлежни за неовластено палење отпад и загрозување на животната средина со неовластено одлагање отпад, па тоа не ја намалува обврската и надлежноста на Градот да собира отпад и во својата одлука за комунален ред да уредува начини за негово прописно одлагање. Ако Градот забрани на својата територија кој било да користи огномети, петарди и останати експлозивни материи, тоа не одзема од надлежноста на МВР туку додава, велат од Зелен хуман град

Back to top button
Close