Двајца пензионери од Драчево и од Штип физички ги нападнаа сопругите

МВР информира дека вчера во 12:00 часот во Полициската станица Драчево извршен е службен разговор со Б.А.(68) од Скопје, по претходна пријава дека на 09.12.2025 физички ја нападнал неговата 66-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Рано утринава во 02:00 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.Д.(71) од Штип, по претходна пријава дека на 12.12.2025 околу 14:30 часот физички ја нападнал неговата 77-годишна сопруга и и упатувал закани.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






