Апелација ја зголеми казната за Васил Јованов на 13 години затвор за смртта на Фросина

Апелациониот суд Скопје ја зголеми затворската казна за Васил Јованов на 13 години, по сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Судот ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја одби жалбата на обвинетиот, со што првостепената пресуда е преиначена во делот на казната. Јованов претходно беше осуден на 12 години затвор за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а со одлуката на Апелација казната е зголемена за една година.

Според утврдената состојба, несреќата се случила во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, кога Јованов управувал возило со брзина од 91 километар на час, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло, при што на пешачки премин ја удрил Кулакова, која починала на лице место.

4news mk

Back to top button
Close