Сончево со појава на магла по одделни котлини, температурите ќе се движат од – 6 до 13 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до – 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла

Back to top button
Close