Изгоре куќа во пожар во Неготино
16.12.2025 11:24
1,225 Читање помалку од 1м
Изгоре куќа претпладнево во пожар во строгиот центар на Неготино. Десетмина пожарникари со три противпожарни возила спречиле огнот да се прошири на густо населената околина, во која во опасност од пламените јазици биле уште неколку објекти. Некои од нив и биле опожарени. За среќа, не настрадал повозрасниот човек што живеел во куќата што изгорела во пожарот.
Оваа информација ја потврди за МИА, Столе Атанасов, командир на Територијалната противпожарна единица.
– Навремената интервенција спречи поголема трагедија, подвлече Атанасов.







