Георгиевски: Национализмот на Владата е апсурден и штетен за македонските интереси

Сите ние како општество, како држава, како поединци, триесетина години се бориме за таа Европска Унија, за евроатлантска интеграција. Еден чекор голем направивме со влезот во НАТО и ни фали овој вториот и практично тој е круната според мене, членството во Европската Унија. Скептицизмот кој ни се продаваше, за којшто имаше оправдани причини, дека Европската Унија де факто не сака да се проширува на Западен Балкан, веќе не може никој да го брани, затоа што гледаме дека ЕУ јасно ги наведува датумите на влезот на Црна Гора и на Албанија во ЕУ, вели во интервју за Рацин.мк екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.
Слушам една фраза дека Македонија многу дава на овој пат. Точно, се согласувам дека Македонија е една од државите кои најмногу дава на овој пат за Европската Унија. Но сега, кога веќе и не се бара толку многу од нас, ние одеднаш, ја кочиме сами работата.
Не смееме да заборавиме дека тој „француски предлог“, практично и де факто беше поништување на една ригидна позиција на бугарската политика со оној, непријатен став дека до 1945 година, сте биле Бугари, а од ‘45 година сте Македонци, кој беше усвоен од бугарскиот парламент.
Многу малку се дава значење во Македонија дека францускиот предлог практично ја поништи таа идеја. Го поништи тој предлог затоа што за францускиот предлог се гласаше исто така и во бугарскиот парламент и наместо да се толкува тоа како една победа, ние го тоа толкуваме како пораз.
„Францускиот предлог“ ги поништи тезите за бугарски идентитет на Македонците.

Што според вас е причина за ваквиот став на актуелната влада? Во што се состои овој континуиран и како што вие го нагласувате тоа дури и поекстремен начин на спротивставување на францускиот предлог?
Јас мислам дека има две причини. Првата причина е што можеби на самиот почеток тоа почна како дневна политика. СДСМ се на власт и спроведуваа дневна политика. Ние сме опозиција, дајте контра. Тоа не е првпат. Така функционира Македонија. Тоа што го кажува власта, опозицијата е против, и обратно…
Кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ, изборите беа, поминаа, победија. Но, таа реторика од страна на владината политика продолжи и не само што продолжи со исто темпо, туку со овие најнови ставови, еволуираше и сега ние поставуваме услови на другата страна. Ако сакате да влеземе во Европската Унија, треба да го направите тоа и тоа.
Ако малку се разбираш од политика и ако си некаде, да речеме во Брисел, не во Софија, во Брисел, ако седиш, ќе си речеш овие сега се зафркаваат со Европската Унија?
….
Трето, ако го наметнуваш тоа прашање, ќе изгубиш десет-нула. Значи, нема потреба. Тој национализам сега е ирационален, а продолжува и понатаму. И во однос на албанското прашање.
Груевски владееше 11 години со ДУИ, ама од време на време правеше антиалбанска атмосфера, антиалбанска, националистичка реторика. Груевски ќе ја брани Македонија од ДУИ, а единаесет години седи во ДУИ.
Тие национализми, популистички, веќе не ни се потребни. Сега овие продолжуваат. Ни го бранат името, ќе ни го враќаат, гледам веќе го вратиле, според новите изјави. Па, ќе не бранат од Бугарите, па од Албанците не бранат, само од Србите не нѐ бранат. Од сите други не бранат, од Европската Унија, од заговорот на Европската унија не бранат, иако Европската унија не може да биде појасна.
Еве ги Црна Гора, Албанија влегуваат. Ние имаме еден апсурден национализам.
целото интервју тука






