Од февруари во Украина ќе се произведуваат британските дронови „Октопус“

Украинскиот министер за одбрана Денис Шмихал и неговиот британски колега Џон Хили денеска во Киев потпишаа план за развој на стогодишното партнерство во одбраната.
Документот ја потврдува одбранбената соработка во неколку клучни безбедносни области во 2026 година.
Според Шмихал, Велика Британија веќе дала значаен придонес во зајакнувањето на капацитетите на Украина за одбивање на „рускиот терор“.
Шмихал посочи дека од февруари „ќе започне производството на 1.000 дронови пресретнувачи ’Октопус‘ месечно“.
Шмихал и Хили разговараа и за можностите за заеднички стратешки индустриски проекти во областа на воздушната одбрана и оружје со долг дострел, перспективите за локализирање на производството на шведските авиони „Грипен“, кои содржат технологии од британски компании.
Договорот за стогодишно партнерство меѓу Украина и Обединетото Кралство официјално стапи во сила во Лондон на 15 октомври минатата година.






