Aдеми: ДУИ останува на барањето за предвремени парламентарни избори

Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми, синоќа изјави дека коалицијата НАИ, предводена од неговата партија, останува цврсто на ставот дека се неопходни предвремени парламентарни избори.

Според Адеми, легитимитетот на државно ниво ѝ припаѓа на опозициската коалиција составена од повеќе партии од албанскиот политички блок.

„Стоиме зад нашето барање за предвремени парламентарни избори, бидејќи на државно ниво легитимитетот ѝ припаѓа на коалицијата НАИ. Денес се соочуваме со обиди и, како што би рекол, атентати врз Охридскиот рамковен договор, а оваа состојба е резултат на тоа што државата ја води власт без легитимитет“, изјави Адеми во емисијата „Клик Плус“.

Тој додаде дека резултатот што коалицијата го постигнала на повторените избори во четирите општини бил очекуван.

„Разликата во споредба со првиот круг од 19 октомври е многу голема. Од тој ден до денес бевме измамени. Имаше изборни нерегуларности во повеќе димензии, особено во делот на саботажа и намерно непостигнување на потребниот цензус“, истакна генералниот секретар на ДУИ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close