Се одложува утрешното рочиште за пожарот во „Пулс“

Основниот Кривичен суд информира дека главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката „Пулс“ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага.

Како што велат, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска.

„Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, бранителот е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.

Заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповикана та расправа“, велат од таму

Back to top button
Close