(ВИДЕО) Пожар зафати куќа во Штип

Голем пожар избувна денеска во Штип при што зафати семејна куќа. Огнот брзо се прошири поради запаливата конструкција на покривот, а густ чад се издигаше високо над населбата, објави телевизијата Мнет.

 

 

Покрај пожарникарите, на местото пристигна и екипа на Брзата помош, подготвена да реагира во случај на повредени лица или граѓани кои вдишале чад. Дел од соседите и минувачите со загриженост го следеа текот на интервенцијата.

 

 

Според информациите во пожарот има само материјална штета.

Пожар избувна во куќа на улицата „АСНОМ“ во Штип. Повредени нема, предизвикана е само материјална штета. По интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ), пожарот е веднаш изгаснат.

 

 

 

Back to top button
Close