Работник на велешки ЈКП „Дервен“ тешко се повредил на работа
Во СВР Велес синоќа во 22:10 часот било пријавено дека во Општа болница Велес со тешка телесна повреда бил донесен 52 годишниот А.И. од Велес.

Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за ЈКП „Дервен“ на улица „Благој Ѓорев“ во Велес.
Како што информира за МИА, д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредениот се здобил со тешка повреда, скршеница на шака. По укажаната лекарска помош и ставен гипс повредениот бил испратен на домашно лекување






