ЦСР Тетово побрзо од молња исплаќало илјадници евра ретроактивни социјални пензии
Додека Центарот за социјални работи Тетово го тресе мега криминален скандал поврзан со незаконско доделување различни надоместоци како социјални пензии, туѓа нега и надоместоци за попреченост, поради што во касата на институцијата досега вратени се 120 илјади евра што биле незаконски доделени на луѓе што не ги исполнувале условите и глумеле „корисници“, Обвинителството во Тетово минатата година исто така си имало работа со дел од вработените во овој центар кои биле обвинети, пренесе Слободен печат.

Откако тие признале вина и ги отстраниле штетните последици од нивното несовесно работење, „си куртулиле“ само со плаќање на 18 илјади денари секој поединечно во буџетот. Некои од нив денеска фигурираат како раководители, ама немаат право да потпишуваат службени документи и нижат дисциплински постапки од кои исто така се извлекуваат поради тоа што дисциплинската комисија во Центарот ги оценува позитивно.
…






