Тотенхем е подготвен да продава играч

Управата на Тотенхем е подготвена за продажба на својот играч од одбраната Мики ван де Вен. Неколку големи клубови покажуваат интерес на 24-годишниот фудбалер. Премиерлигашот од Лондон е подготвен да го продаде својот играч за 120 милиони евра.

На листата на потенцијални клубови за холандскиот репрезентативец се двата тима од Премиер лигата Ливерпул и Манчестер Јунајтед, потоа Реал Мадрид и Баерн.

Играчот важи за еден од најдобрите одбранбени фудбалери сезонава во Премиер лигата, а актуелниот договор со Тотенхем му е до летото 2027 година, а според Трансфермаркт е проценет на 65 милиони евра. Со продажба од 120 милиони евра тоа би можело да биде и еден од ТОП 10 најголеми трансфери во историјата на фудбалот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close