Црвена Звезда го совлада европскиот првак, Партизан единствен со домашна победа

Во кошаркарската синоќа се одиграа четири натпревари, а белег оставија белградските екипи. Црвена Звезда на гостувањето во Атина (поради реновирање на салата во Пиреја натпреварите ги играат во Атина) го победи европскиот првак Олимпијакос во натпревар со мал број на поени 62:57, додека Партизан беше единствената домашна екипа со победа од 88:67 против Макаби Тел Авив. „Црвено-белите“ до победата на гости стигнаа благодарение на одличното прво полувреме кое го добија со 40:22.
На другите два дуела Бешикташ – Жалгирис 67:83 и Виртус – Дубаи 75:93.
На чело на табелата по 10-та рунда е Панатинаикос со скор 8-2 (победи-порази), следуваат шест екипи со биланс 7-3, а тоа се Црвена Звезда, Валенсија, Фенербахче, Олимпијакос, Дубаи и Барселона.






