Нова победа на ЛА Лејкерс, Дончиќ изброја 53 поени

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ноќеска постигнаа нова вкупно осма победа во десеттиот натпревар откако на домашен терен го победија Портланд со 124:118. Предводник на тимот беше Лука Дончиќ со 53 поени, а имаше и по пет асистенции и скокови. Решавачката предност ЛА Лејкерс ја направи во третиот период, кој го доби со 34:15.
Убедлив пораз претрпе најдобриот тим од Исток Филаделфија, на гостувањето кај Кливленд загуби со 119:95. Донован Мичел кај победничката екипа постигна 23 поени и беше најефикасен, а уште еден натпревар со „дабл-дабл“ учинок имаше хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња со 15 поени и 10 скокови.
„Езерџиите“ се најдобар тим на Запад, додека на Исток истиот скор (8 победи – 2 пораза) го има Филаделфија.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Атланта – Вашингтон 139:132, Шарлот – Бостон 80:119, Далас – Јута 112:100, Мемфис – Оклахома Сити 97:128, Милвоки – Торонто 107:121, Њу Орлеанс – Минесота 109:115 и Сакраменто – Сан Антонио 109:124.






