Пратениците верни на Филипче. Негираат дека некој од пратениците спомнал дека размислува да замине како што тврди Шилегов


Шилегов-Филипче-Деспотовски

 

Повеќето пратеници со кои контактираше „Слободен печат“ негираат дека ќе заминат од СДСМ и дека воопшто некој во пратеничката група разговарал за таков потег откако поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов најави дека половина од пратеничката група ќе ја напушти партијата

Пратеничката група на СДСМ е компактна, тврди лидерот на партијата и пратеник Венко Филипче, по најавата на поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов дека половина од пратеничката група ќе ја напушти партијата. И повеќето пратеници со кои контактираше „Слободен печат“ негираат дека ќе заминат од СДСМ и дека воопшто некој во пратеничката група разговарал за таков потег.
За обвинувањата на Шилегов и на поранешниот функционер на СДСМ Јован Деспотовски дека партијата под раководство на Филипче оди во бездна и барањето тој да поднесе оставка и да се извини, лидерот на СДСМ ги нарече овие сопартијци петтоколонаши, уценети и корумпирани, и порача дека не им се извинува на соработници на власта.

Back to top button
Close