Виткоф: Делегацијата на САД имаше конструктивни разговори со Нетанјаху за планот за Газа

Специјалниот американски претставник Стив Виткоф денескa изјави дека разговорите на официјалните претставници на САД со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за втората фаза од мировниот план од 20 точки за Појасот Газа биле конструктивни.

„САД и Израел одржуваат силна и долгогодишна врска изградена врз тесна координација и заеднички приоритети. Разговорот беше конструктивен и позитивен, а двете страни се согласија за следните чекори и важноста за продолжување на соработката по сите прашања клучни за регионот“, наведе Виткоф во објава на платформата Икс.

Виткоф и американскиот претставник Џаред Кушнер се сретнаа вчера со Нетанјаху во Ерусалим и ја повикаа неговата влада да ја спроведува втората фаза од прекинот на огнот во Газа.

Неименуван американски претставник им изјави на новинарите дека на средбата станало збор за предавање на телото на последниот заложник во Појасот Газа, како и за следните чекори за демилитаризација на таа територија, пренесува Вашингтон пост.

Back to top button
Close