Потресно сведоштво на Кристијан Панов за „Пулс“: Телото на брат ми го најдов на влезот, го познав по тетоважите

Телото на брат ми го најдов на влезот од дискотеката, некој го изнесол, го познав по тетоважите и го однесов во болница, но беше доцна. Ова беше дел од сведочењето на Кристијан Панов, брат на Андреј кој загина во кочанската трагедија. Тој дошол вечерта околу 2.20 на роденден кај другар. Кога се случил пожарот тој излегол да запали цигарa.

– Излегов надвор, ја запалив цигарата, немаше никој да излезе 30 – 40 секунди, а потоа сите трчаа, настана стампедо кој колку можеше помагаше. Имаше трупови од луѓе еден врз друг. Пред вратата и надвор на скалите се заглавија меѓу двете врати на дискотека се заглавија. По 20 минути откако се расчисти стампедото влегов внатре и го барав брат ми. Му побарав лампа на еден пожарникар, но немаше. Го извадив телефонот светев и додека го барав падна нешто врз мене, се распрсна. Морав да излезам и потоа брат ми го најдов на самиот праг. Имаше доста тела ниедно немаше свест, јас ги тргав телата барајќи го мојот брат, но беше доцна. Тој веќе беше надвор на прагот веќе некој веќе го извлеков само,го видов го познав по тетоважите – сведочеше тој

Повеќе

Back to top button
Close