Во Србија властите формираа ново тело за процесот за пристапување во ЕУ

 Владата во Белград денеска ја усвои изменетата и дополнета Одлука за формирање на Координативното тело за процесот на пристапување на Србија кон Европската унија.

Станува збор за формирање оперативен тим, што ќе биде составен од претставници на највисоко државно ниво, а чија улога ќе биде координирање на забрзаното спроведување на сите обврски на европскиот пат на Србија.

Нивна задача ќе биде да обезбедат стратешки насоки, политичка координација и навремено решавање на прашања од особено значење за напредокот во пристапните преговори, нагласено е во соопштението од српската Влада.

Тој тим претставува врска помеѓу донесувањето одлуки на највисоко ниво и оперативното управување со преговорите и дека ќе придонесе за координирано дејствување на сите надлежни институции. Министерството за европски интеграции продолжува да врши стручна, организациска и административна координација, како и да обезбедува координирана работа на сите учесници во процесот на преговори, се вели во соопштението.

Back to top button
Close