Амандманска расправа по Законот за Посебен регистар за лица осудени за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија
Во Собранието денеска седница ќе одржа две комисии – Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на двете комисии е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, во второ читање. За Предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова, заради допрецизирање на рокот, кој се однесува на надлежниот орган за водење на Посебниот регистар, а е предвиден да изнесува од најмалку еднаш годишно, во кој ќе се врши проверка и усогласување на внесените податоци со податоците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и доколку постојат неусогласености веднаш ќе се преземаат мерки за нивно отстранување.
Како што се посочува во образложението за Предлог-законот објавено на собраниската веб-страва, со овие измени се одредуваат институциите кои се непосредно одговорни за примената на законот и постапките во делот на доставување на
потребните податоци кои треба да бидат внесени во Регистарот кој го води ЈУ Завод за социјални дејности. Се потенцира дека се направени и измени кои се резултат на практичната примена на Законот и на потребата од надминување на проблемите кои се појавија при неговата досегашна примена.
-Предложените измени и дополнувања на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија ги содржат следниве решенија: Усогласување на одредбите на овој закон со Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.36/23) во делот на Глава деветнаесет „Кривични дела против половата слобода и половиот морал“. Определување на институциите и постапката за доставување на податоците кои што треба да бидат внесени во Регистарот за лицата осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија. Усогласување со одредбите на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/24), се посочува во образложението за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија





