Премиерата на „Татко, мајка, сестра, брат“ на Џим Џармуш на 29 јануари

Добитникот на Златниот во нашите кина: Премиерата на „Татко, мајка, сестра, брат” на Џим Џармуш на 29 јануари

„Татко Мајка Сестра Брат” е хумористична драма на еден од најзначајните американски независни филмски режисери, Џим Џармуш, кој се враќа со стил во форма на совршено конструиран филмски триптих. Филмот, кој триумфираше на Венецискиот филмски фестивал освојувајќи ја главната награда – Златниот лав, раскажува три различни, но тематски поврзани приказни за сложените односи меѓу возрасните деца и нивните емотивно оддалечени родители.

 

Секоја од приказните се одвива во денешно време и во различна земја – Италија, Франција и САД, задржувајќи го препознатливиот минималистички, духовит и меланхоличен стил на Џармуш. Филмот се истакнува и со исклучителна актерска екипа предводена од Адам Драјвер, Кејт Бланшет, Шарлот Ремплинг и Том Вејтс.

„Татко Мајка Сестра Брат” во нашите кина започнува да се прикажува од 29 јануари

Back to top button
Close