„Знаењето е моќ“ – Илјадници граѓани, студенти и ученици учествуваа на студентскиот протест во Белград
Под слоганот „Знаењето е моќ“, студентите во блокада денеска протестираат пред седиштето на универзитетот во центарот на Белград, пренесува Нова.рс.

Како што порачуваат, тие протестираат против колапсот на образовниот систем и универзитетската автономија, додека владата се обидува да воспостави „директна политичка контрола“ врз факултетите претставуваат најсурови форми на конфронтација со академската заедница“, е пораката на блокираните студенти на Инстаграм.
Тие посочуваат на „притисоците врз едукаторите, отпуштања и реваншизам против оние што ги поддржуваа студентите“ за време на повеќе од една година масовни протести, кои започнаа по смртта на 16 лица при падот на настрешницата во Нови Сад.
Денешниот протестот се организира на национален и верски празник посветен на Свети Сава, кој се слави во училиштата во Србија како прослава, и по тој повод прошетка низ централните улици на Белград, ќе заврши пред храмот „Свети Сава“.
На протестот му претходеа повици за бојкот на наставата на неколку белградски факултети, како што се Правниот, Филозофскиот и Политичкиот факултет, како знак на солидарност со студентите од Нови Сад.
Студентите на поголемиот дел од високообразовните институции во Нови Сад ја бојкотираа наставата, барајќи отпуштената професорка на Филозофскиот факултет, Јелана Клут, да биде вратена на работа.
Додека администрацијата на Универзитетот тврди дека нејзиното отпуштање е во согласност со правилата, студентите во блокадата тврдат дека професорката била отпуштена затоа што ги поддржувала во протестите.
Бојкотот на наставата во Нови Сад беше изгласан по полициската интервенција во таа институција на 21 јануари.
Студентите стигнаа до дворот на Храмот „Свети Сава“, каде што кршеа однесоа жито и кршеа погача, во чест на празникот. Вратите на храмот во тој момент беа затворени






