Блерим Беџети од ДУИ: 600 евра не се луксуз, туку услов за нормален живот

Пратеникот и функционер на Демократската унија за интеграција, Блерим Беџети, изрази поддршка за протестот на синдикатите, порачувајќи дека одговорноста за состојбата со платите не е кај работниците, туку кај политиките што ги води власта.

„Кога работниците се принудени да излезат на улица за достоинствена плата, проблемот не е кај работниците проблемот е кај политиката.Минимум од 600 евра не е екстремно барање, туку минимум за нормален живот. Зголемувањето на платите не е празна реторика, туку социјална правда. Денес се солидаризирам со протестот на синдикатите, затоа што држава што не ги штити своите работници, не може да има социјална правда”, напиша Блерим Беџети, од ДУИ.

Back to top button
Close