Алпски куп за деца викендов на Попова Шапка

Скијачкиот клуб „Диме Флејта“ од Тетово викендов, 31 јануари и 1 февруари, ќе биде домаќин на натпревари за деца скијачи од државата. Целта на настанот е да ја промовира скијачката култура меѓу најмладите генерации.

-Натпреварите ќе се одржат во дисциплините велеслалом и слалом, како дел од Алпскиот куп, а ќе бидат наменети за категориите U8, U10, U12, U14 и U16, во машка и женска конкуренција. Саботата, 31 јануари, е резервирана за велеслалом, а слаломот ќе се вози во недела, 1 февруари, на патеките во Ски-центарот Попова Шапка, информираат од ски-клубот.

Клубот „Диме Флејта“ е основан во 1961 година и низ годините работел и како школа на старото детско одморалиште на Попова Шапка.

-Бројни генерации тетовци, но и деца од поширокиот регион, ги направиле своите први скијачки чекори во клубот. Сега по возобновувањето и организирање на најновиот алпски куп за деца, по повеќе децении, тетовчани се потсетуваат на името на легендарниот скијач Диме Јовановски – Флејта, по кого клубот го носи името, велат од ски-клубот.

Настанот се организира под покровителство на Скијачката федерација на Македонија, со поддршка на Ски-центарот Попова Шапка и хотел „Резиденс Шара 1810м“.

Фото: скијачки клуб „Диме Флејта

Back to top button
Close