Кос за Србија: Од земја кандидат за членство во ЕУ очекуваме да се однесува европски
Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос пред почетокот на Советот за надворешни работи на Унијата.

– Овие амандмани беа усвоени на многу брз и нетранспарентен начин, без никакви консултации – додаде Кос.
Според неа, интересно е да се види дека во услови кога има нова динамика во процесот на проширување на ЕУ и кога Албанија и Црна Гора напредуваат бргу кон членството, Србија оди во спротивна насока.
– Навистина не разбирам зошто се случува ова, но тоа не е она што сакаме да го видиме. Затоа навистина го повикувам српскиот парламент што е можно побргу да ги ревидира овие закони и да го усогласи правосудното законодавство со европските стандарди. Навистина сè уште сакаме Србија да стане дел од Европската Унија и нема да престанам да работам на тоа – истакна Кос.






