Пакистанските безбедносни сили елиминираа 41 милитант

Пакистанските безбедносни сили во две операции во југозападниот дел на земјата ликвидираа 41 екстремисти.

Во првата операција спроведена во реонот Панџгур во провинцијата Белуџистан убиени се 30 екстремисти. Во втората воена операција во реонот Ханрај во истата провинција елиминирани се 11 џихадисти,

Пакистанската армија соопшти дека убиените милитанти учествувале во низа напади врз безбедносните сили и ограбувале банки. Исто така посочи дека екстремистите имаат поддршка од Индија.

Претседателот и премиерот на Пакистан, Асиф Али Зардари и премиерот Шехбаз Шариф ги пофалија безбедносните сили за успешните операции.

Белуџистан одамна е жариште на сепаратистички групи кои бараат независност од централната Влада на Пакистан во Исламабад.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close