Европската комисија ја тужи Романија пред Судот на ЕУ поради нелегални депонии

Европската комисија (ЕК) покрена правна постапка против Романија пред Судот на правдата на ЕУ поради кршење на директивите за управување со отпад. И покрај повеќекратните предупредувања, Романија не успеа да затвори и санира девет нелегални депонии кои не ги исполнуваат европските стандарди.

Рокот за затворање на овие депонии беше во 2017 година. ЕК смета дека досегашните напори на Букурешт се недоволни за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Во рамки на истиот пакет мерки, ЕК испрати предупредување и до Чешка, која има рок од два месеци да го реши проблемот со одлагање на необработен отпад кој требало да биде рециклиран. Доколку Праг не преземе корективни мерки, ќе се соочи со истата судска процедура како и Романија. с

Back to top button
Close