Магла на патот Свети Николе – Сарамзалино – Велес

Намалена видливост поради магла до 100 метри утрово има на патниот правец Свети Николе – Сарамзалино- Велес, информира Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози поради што се препорачува внимателно возење особено низ клисурите.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Back to top button
Close