Стармер го повика поранешниот принц Ендру да сведочи за Епштајн во САД

Британскиот премиер Кир Стармер го повика поранешниот принц Ендру да сведочи пред американскиот конгресен комитет по новите откритија за неговите врски со починатиот осуден финансиер Џефри Епштајн, објави Ројтерс.
Новите досиеја објавени од Министерството за правда на САД во петок покажуваат дека братот на кралот Чарлс одржувал редовен контакт со Епштајн повеќе од две години откако тој беше прогласен за виновен за сексуални злосторства против малолетници.
Потсетуваме дека кралот веќе му ја одзеде титулата принц на својот брат и го протера од неговата вила на имотот во замокот Виндзор по претходните откритија за неговите врски со Епштајн.
Тој не одговори на барањето на Ројтерс за коментар за најновите откритија. Бакингемската палата одби да коментира.
Во ноември, членовите на американскиот конгресен комитет што го истражува случајот ги засилија своите повици Ендру да сведочи.
Извор: provereno.mk






