Измислен рекет случај, вели Филипче за обвинувањата од Жан Митрев

,,Измислен рекет случај”. Вака лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги коментира наводните притисоци за кој обвини докторот Жан Митрев, во неделното интервју на РСЕ.
На прашањето дали Филипче водел некакви разговори со Митрев, Филипче вели:
-Никакви разговори во овој контекст. Тука се поставува прашањето зошто Жан Митрев до сега не поднел пријава во обвинителство? И зошто сега, откако го објави на тој начин во јавноста, не поднесе пријава во обвинителство, туку чека обвинителството тоа да го направи по допрен глас? Очигледно дека нешто не е како што треба и дека станува збор за монтиран случај. Повторно некој монтиран, измислен рекет случај. Но како и да е, ќе чекаме обвинителството да се изјасни, а откако ќе констатира дека ништо од тоа не е вистина, е тогаш ќе поднесам приватна тужба против Жан Митрев за нарушување на честа и угледот, заради тоа што тоа за мене е највредно во животот. Јас макотрпно сум работел и некорумпирано, ниту на Клиниката за неврохирургија, ниту во рамките на мојата јавна функција во Министерството за здравство немало системска корупција и нема да дозволам некој да ми ги валка честа и угледот, заради тоа што за мене тоа е највредно, вели Филипче.






