(ВИДЕО) Плетвар затворен поради протест, поставени гуми и возила

Автомото сојузот на Македонија информира дека поради најавен јавен собир на околу 150 лица на крстосница за село Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци.

Протестираат лица од ромска националност поради измените на Законот за безбедност во сообраќајот, а на блокадата има поставено возила, гуми и други предмети. Исто така, кај Касарната во Кичево блокирана е една сообраќајна лента во правец од Скопје према Охрид, возилата се пренасочуваат преку регионален пат за Осломеј, додека другата сообраќајна лента правец Охрид према Скопје е слободна за движење.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Попова Шапка – село Лисец, информира АМСМ

видео: Порталикс

Back to top button
Close