Кралскиот персонал масовно одбива да му служи на поранешниот принц Ендру
Поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор, кој се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба, предизвика бунт меѓу кралскиот персонал во Сандрингам, една од резиденциите на британското кралско семејство, кои одбиваат да му служат иако тој пристигнал на имотот дури во понеделник навечер, дознава британскиот „Сан“ од извор.

Изворите велат дека вработените во кралскиот имот во Норфолк биле информирани дека можат да одбијат да му служат на Ендру ако тоа им создава непријатност, и досега, тврдат тие, е формиран „долг список“ на персонал кој одбива да работи за него.
„Им е кажано дека не мора да му служат на Ендру или да работат за него ако се чувствуваат непријатно. Веќе постои значителен список на оние кои велат „не, благодарам“. Разбирливо е дека постои голема загриженост бидејќи тој сега е целосен отфрлен“, изјави извор за „Сан“.
Ендру, 65, „тајно“ се исели од кралската резиденција Ројал Лоџ во Виндзор во понеделник и привремено се насели во Сандрингам, пред да се пресели во својот постојан дом Марш Фарм во април.
„Постојат загрижености дека откако ќе се смести удобно во Сандрингам, додека Марш Фарм се завршува, персоналот нема да може да се ослободи од него“, рече изворот.
Неговото заминување од Ројал Лоџ следи по објавувањето на нови компромитирачки документи поврзани со неговиот осуден пријател Џефри Епштајн.
Селењето на поранешниот војвода, објавува „Сан“, се смета за победа за британскиот крал Чарлс III, кој помина три години обидувајќи се да го „протера“ својот проблематичен брат, но исто така се чувствува „многу фрустриран“.
Ендру веќе плати милиони долари за да реши граѓанска тужба за сексуален напад од Вирџинија Џуфре, додека тој постојано негираше какво било кривично дело (nezavisen.mk)






