Поранешен студент оставил заканувачко писмо во канцеларијата на деканот на Факултетот за уметности во Тетово
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на поранешен студент по пријава дека оставил писмо со заканувачка содржина во просториите на Факултетот за уметности при Тетовскиот универзитет.

Случајот бил пријавен на 6 октомври во 16:15 часот во СВР Тетово од деканот С.А. (55) и секретарот А.А. (33) на факултетот.
Според пријавеното, околу 11:40 часот во канцеларијата на деканот дошол поранешниот студент И.А. од селото Голема Речица, тетовско, и оставил писмо со заканувачка содржина упатена до професори на факултетот, по што го напуштил местото.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.






