Во време на „пасошката криза“ пријател ме замоли а јас пријателски ургирав да му помогнат. Екс ракометарката Радуловиќ ги отфрла обвинувањата дека била дел од група која за пари помагала

Осомничени се двајца полицајци, поранешна ракометарка, а сегашна наставничка и пожарникар од Скопје поради сомнежи дека примале поткуп од граѓани на кои им овозможувале побрзо да извадат лични документи, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Четворицата разработиле шема преку која организирале и спроведувале постапки за издавање лични документи, а за возврат добивале пари од граѓани за услугата. Меѓу осомничените е и  поранешната ракометарка Валентина Радуловиќ, која како крило беше дел од златното доба на македонската женска репрезентација на крајот на минатиот век објави тв телма 

Во период од февруари до април 2024 година, 4-цата воспоставиле шема преку која се организирале  и спроведувале постапки за издавање на лични карти, пасоши и возачки дозволи, барале заинтересирани граѓани, а потоа за сработеното добивале точно утврдена сума на пари. Наставничката Радуловиќ и пожарникарот наоѓале заинтересирани, полицаецот од Интервентната единица интервенирал и барал првопријавениот службеник во пасошко да ги изработи документите.

Радуловиќ на „Фејсбук“ напиша дека за време на пасошката криза имала контакт со пријател за да помогне на друг пријател кому итно му требало пасош во моментите кога во МВР имаше големи гужви.

-Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање за незаконски дејствија поврзани со наводно издавање лични документи. Моја лична порака до пријател, вработен во МВР на издавање пасоши, за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име, некаде на почетокот на 2024-та кога имаше застој во издавањето е злоупотребено за моја наводна инволвираност. Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто, за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање, ќе ја докажам пред било која институција, пиша Радуловиќ.

Телма доби потврда од Министерството за спорт дека има донесено одлука за доделување на државна пензија на Радуловиќ, која треба да биде потврдена на владина седница. Од Министерството ни изјавија дека доколку се потврдат објавените информации за незаконско однесување, одлуката за државна спортска пензија ќе биде ставена во мирување.

Извор на фотографија: Социјални мрежи

 

Back to top button
Close