Приведен е кумановец што превезувал мигранти од Непал, Индија и Пакистан
Приведен е четириесетгодишен кумановец што превезувал мигранти од Непал, Индија и Пакистан на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор ‘Сопот‘ денеска во 04:15 часот го лишија од слобода Н. С. (40) на автопатот „Пријателство“ во правец од Скопје кон Куманово“,се вели во полицискиот извештај.
Возилото марка „фиат браво“ што го управувал кумановецот е запрено од страна на полициски службеници при вршење на мотопатролна дејност.
„При извршен преглед во возилото е констатирано дека превезувал четири лица – мигранти, од кои двајца се од Непал, а по еден од Индија и Пакистан“,пишуваат од МВР.
Возачот е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во транзитниот центар „Табановце“.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.






