Седница на ИО на СДСМ: Шукова доби нова позиција во партијата

Поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, е новата претседателка на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Одлуката беше донесена на денешната седница на Извршниот одбор на партијата.
Како што информираат од СДСМ, изборот на Шукова доаѓа по директен предлог на претседателот на партијата, д-р Венко Филипче, објави 4news.mk
„На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, за нова претседателка на Форумот на жени на СДСМ е избрана другарката Каја Шукова. Честитки!“, стои во кусoто соопштение од партијата.






