ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на неколку


Вечерва се одржала првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на партијата, на која биле донесени повеќе одлуки во насока на кадровско освежување и внатрепартиска консолидација.

Како што соопшти Мицкоски, Извршниот комитет одлучил да се распишат огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и да се спроведе генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката, според него, е дел од процесот на отворање на партијата и слушање на гласот на членството.

-На седницата биле донесени и кадровски решенија за повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, за претседател на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, за Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е именуван Аккан Махмут.

Во рамки на истата седница, Извршниот комитет донел одлука за избор на Златко Перински за претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Мицкоски порача дека промените се резултат на заложбата партијата да се развива, да се обновува и да гради структури кои ќе одговорат на очекувањата на членството и граѓаните, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со процесот на внатрешно јакнење како предуслов за, како што рече, „вистински избор за заедничка иднина“.

Back to top button
Close