Од 1.600 до 2.400 евра зеле членови на Kомисијата за проценка на штети од земјотресот во Битола, а оштетените битолчани добија во просек по 12 евра

На седум лица чии имиња се спомнуваат во Комисијата за проценки од штетиоштета од земјотресот во 2022 во Битола, според податоците на порталот „Отворени финансии“ (https://open.finance.gov.mk/mk/home), Општината им исплатила вкупно околу 14.000 евра или од 1.600 до 2.400 евра за секој член.

На порталот „Отворени финансии“ има податоци за седум лица чии имиња се спомнуваат во Комисијата за проценки од штети, а на кои Општината им исплатила вкупно околу 14.000 евра или од 1.600 до 2.400 евра за секој член. (Фото: СДК.МК)

Членовите на Комисијата, петмина експерти и 15 лица вработени во Општината се објавени во Службениот гласник на Општина Битола. Но, само за седуммина од нив, двајца експерти и петмина општински административци на „Отворени финансии“ има податоци дека им биле исплатени пари на 13. 10.2023 година. Едниот од експертите, по професија градежен инженер, зел 151.039 денари (околу 2.500 евра), а другиот дипломиран правник 135.000 денари (околу 2.200 евра). Лицата од администрација истиот ден зеле од 1.650 евра до 1.980 евра. Вкупно кон проценителите биле исплатени 843.210 денари, (околу 14.000 евра).

Според објавите во Службениот гласник, за проценка на штетите земале по 360 денари од предмет што би дошло околу 2.342 решени предмети.

Од Општина Битола и по два испратени е-пошти со барања да добиеме податоци колку пари зеле проценителите, не добивме конкретни одговори. Прашањето го поставивме за да направиме споредба колку пари добија проценителите наспроти правните и физичките лица, на кои дури деновиве, по четири години од земјотресот, им се исплаќаат само пет проценти од штетите, што во просек дојде по околу 750 денари (околу 12 евра) по лице.

Од Општината посочија само дека биле исплатени согласно одлуката на советниците и бројот на сработени предмети. Не соопштија ни колку изнесува најниската, а колку највисоката исплата на оштетените граѓани, зашто велат дека Законот за заштита на лични податоци не дозволувал поединечно да се истакнуваат износи.

Повеќе

Back to top button
Close