(ВИДЕО) Кузеска: 11 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни 40 милиони евра поминале граница?
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска-портпаролка

Единаесет дена јавноста чека одговор. Единаесет дена власта молчи.
Како 5 тони дрога, по некои проценки вредни околу 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија?
Кој ќе одговара?
Молкот не е случајност. Молкот е индикатор дека овој скандал води кон врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка овој огромен нарко-скандал.
Наместо одговори, гледаме дефокус на власта, прават медиумска магла за да побегнат од клучното прашање.
А македонскиот Мадуро, Мицкоски лицитира по медиумите, 25 тони, 40 тони, сега најавува 100 тони.
Дали сите фирми се нелегални? Тоа ли го порачува Мицкоски?! Ако е така зошто не била навреме направена контрола, зошто власта дозволила нелегално да се произведува и да се складира?
Не се кажува дали државата ги субвенционирала? Што ќе се случи ако компаниите побараат отштета?
Колку ќе чини оваа медиумска пропаганда која на крај ќе ја платат граѓаните.
Во меѓувреме, медиумите во Србија објавуваат нови информации што отвораат сериозни сомнежи.
Според овие медиуми уапсениот функционер на СНС, сестринска партија на ВМРО, поврзан со заплената во Крушевац, бил близок со српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ.
Доколку ова се потврди, се отвораат нови сомнежи за можна поврзасност и на други функцонери во ВМРО.
Прашуваме: Каква е улогата директорот на СОЗР и ново назначен организациски секретар на ВМРО?
Ова не е прашање на политика, туку на владеење на правото.
СДСМ нема да дозволи ова да се заташка. Ќе продолжиме да бараме одговори, целосна истрага и одговорност – за сите, без разлика на функција или партиска припадност.
Одговорност ќе има. За сите.





