Мицкоски се сретна со Кошта: Македонија заслужува да биде во ЕУ без билатерални условувања

Во рамките на посетата на Минхен остварив средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, информираше на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.

Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија, за реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Јасно ја пренесов нашата позиција Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања. Нашата Влада работи на суштински реформи: владеење на правото, борба против корупцијата, економска стабилност и подобар животен стандард за граѓаните. Европската иднина не е само политичка цел, таа е избор за подобра држава.

 

Продолжуваме да работиме. Одговорно, чесно и со јасна визија за Македонија во Европа!, порача премиерот.

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close