Изложба на дела од Татјана Миљовска и Валентина Поцевска во „Јадро“

На 14 февруари (сабота) во КСП Центар – ЈАДРО, во 18 часот, ќе биде отворена изложбата на слики од сериите Писмо и Анамнеза на Валентина Поцеска и инсталациите Ткиво 3, Ткиво 4 и Храм на Татјана Миљовска.

На изложбата ќе се презентира и каталогот Просторност и темпоралност, со што ќе се заокружи проектотот. Изложбата Простoрност и темпоралност се реализира минатата година (2025), во Националната галерија на Македонија – Чифте амам,, под кураторство на Сузана Милевска: Поцеска изложуваше колаж-слики од серијата Писмо, Миљовска настапи со инсталации и интервенции со цртежи во простор под наслов Ткиво1 и Ткиво 2, а Виолета Чаповска се претстави со видеоперформансот Сена и видеото Секвана.

Оваа поставка на двете авторки во КСП Центар – ЈАДРО е надоврзување на претходната со неизложени дела од истите серии, но и со нови дела: Миљовска со инсталацијата Храм, a Поцеска со слики од актуелната серија Анамнеза, сè во духот на еко-феминизмот и на задоволството во течението на чувството преку збор (текст/писмо) до слика.

Back to top button
Close