(Видео) Средба Мицкоски и Зеленски во Минхен: Мирот треба да се гради врз правда и достоинство

Во Минхен, премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата се разговараше за актуелните безбедносни предизвици во Европа и за потребата од единство и солидарност меѓу државите.
Мицкоски истакна дека мирот мора да се гради врз основа на правда и почитување на достоинството на народите, бидејќи само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа.
Дополнително, на средбата се разгледуваше продлабочување на соработката меѓу двете држави, економска размена и поддршка во процесите за напредок. Премиерот Мицкоски подвлече дека напредокот е возможен кога постои јасна визија, храброст и определба.






