Таравари: Ќе дојдеме до ситуација кога ќе има потреба од одржување предвремени избори

Претседателот на едно од крилата на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за медиумите по шестото Собрание на партијата, зборуваше и за актуелната политичка состојба во земјата, пренесува ТВ21.

Таравари рече дека ќе има предвремени парламентарни избори, но без да прецизира кога.

„Не можам да кажам со сигурност, секој пат сум велел дека ова најмногу зависи од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи има 58 пратеници и му требаат 61 глас за да распише избори. Според она што го гледаме, иако премиерот декларативно вели дека нема да има предвремени избори, мојата политичка интуиција вели дека повторно ќе има предвремени избори. Не сакам да кажам кога, но мислам дека дефинитивно ќе дојдеме до ситуација каде што ќе има потреба од одржување предвремени парламентарни избори“, изјави Арбен Таравари.

Back to top button
Close