Меџити: Во Чаир го прошируваме системот на подземни контејнери кон нов урбан стандард

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска во Топанско Поле, заедно со директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Драги Митковски, го промовираа проширувањето на проектот за поставување подземни контејнери, еден од најсовремените проекти за подобрување на јавната хигиена и урбаниот ред на територијата на општината, информираат од Општина Чаир.

Системот, ќе се реализира на целата територија на Чаир, а досега се поставени подземни контејнери на пет локации, со по три контејнери на секоја локација. Со поставувањето на новиот сет од 3 контејнери на шестата локација, во Чаир моментално се во функција вкупно 15 подземни контејнери.

-Планот предвидува до крајот на годината системот да биде поставен на 15 локации, со над 50 подземни контејнери во служба на граѓаните. Оваа инвестиција претставува конкретен чекор кон подобрување на јавната хигиена, намалување на отпадот на отворените површини и унапредување на квалитетот на живот, приближувајќи го Чаир до современите европски стандарди за урбано управување – се вели во соопштението од Општина Чаир.

Back to top button
Close