По примерот на Албанија, ДУИ формира антикорупциски механизам во Чаир, ВЛЕН повика да соработуваат со албанскиот и да го екстрадираат Груби
По примерот на Албанија, која од крајот на 2019 година има Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) формира локален СПАК (Секретаријат за превенција и борба против корупцијата) во скопски Чаир, чија цел, како што информираат од партијата, е анализа на секакви индиции за корупција и злоупотреба на јавни средства во скопската општина.

„СПАК ќе работи со континуиран мониторинг, 24 часа на ден, седум дена во неделата. Граѓаните ќе можат да пријават какво било сомневање за корупција преку онлајн платформа и отворена линија, со целосни гаранции за заштита на идентитетот. Секој анализиран и документиран случај ќе биде јавно објавен, а случаите со законска основа ќе бидат обработени и во надлежните институции“порачаа од ДУИ.
На ваквата најава на ДУИ реагираа од владејачката ВЛЕН, повикувајќи ги интегративците новоформираното антикорупциско тело најпрво да го истражи сопственото раководство.
велат од ВЛЕН додавајќи дека ако локалниот СПАК на ДУИ не е формиран само за спектакл, тогаш треба да ги започне истрагите токму со овие имиња.Најпрво, според владејачката коалиција, новоформираното тело на ДУИ треба да стапи во контакт со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, кој повеќе од една година е во бегство.






