Почина Џеси Џексон, лидер за граѓански права и поранешен американски претседателски кандидат
Џеси Џексон, лидерот на движењето за граѓански права и поранешен кандидат за претседател на САД, почина денеска на 84-годишна возраст, објави неговото семејство, објави Си-Би-Ес Њуз (CBS News).

Во текот на својот живот, Џексон беше клучна фигура во борбата за граѓански права, марширајќи заедно со активистот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Џуниор и учествувајќи во ненасилни протести низ САД.
По смртта на Кинг во 1968 година, тој ги основа организациите PUSH и Debt Coalition, фокусирани на социјална правда и ангажирање на гласачите.
Џексон се кандидираше за претседателска номинација од Демократската партија во 1984 и 1988 година, а во текот на децениите доби повеќе од 40 почесни докторати и Претседателски медал за слобода во 2000 година од тогашниот претседател Бил Клинтон






