Курти: Земјата, независноста и Уставот се нови, но јазикот, културата и народот на Косово се древни

Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска, на свечената седница на Владата, посветена на 18-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, изјави дека државата, независноста и Уставот се нови, но дека јазикот, културата и народот на Косово се древни.

„Нашата земја е изградена и се залага за вредностите на слободата и демократијата, еднаквоста и правдата, просперитетот и инклузијата. Секој граѓанин, без оглед на јазикот, етничката припадност, религијата или потеклото, е еднаков пред законот, рече Курти.

Тој оцени дека Косово, како држава и општество, постигнало многу во текот на 18 години и го спомена зајакнувањето на владеењето на правото, економијата, меѓународните победи во спортот, уметноста и културата, безвизното патување и поднесувањето апликации за членство во Европската Унија и Советот на Европа.

Back to top button
Close